501
Наполи ќе се бори
за нов трофеј во Суперкупот на Италија, избраниците на Валтер Мацари вечерва со
3-0 ја совладаа Фиорентина.
Резутатот беше
отворен во 22. минута, Жесус испрати убава топка во фор а Симеоне ја затресе
мрежата на својот поранешен клуб за 1-0.
Победникот беше
решен во финишот, младиот Зербин имаше луди пет минути. Напаѓачот влезе во игра
во 81. минута, и во 84. минута одлично се снајде по еден корнер и погоди за 2-0 и својот гол првенц во дресот на Наполи.
При постигнување
на голот, доби удар во главата, па на кратко мораше да го напушти теренот, а
кога се врати, украде една топка на својата половина, сам тргна во напад и реализираше
за 3-0 и нова радост.