Наполи поведе по 9 секунди, Лозано е најбрзиот стрелец во историјата но на крајот Верона славеше со 3-1 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ирвинг Лозано испиша историја, не поминаа ниту 9 секунди а Мексиканецот ја смести топката зад грбот на голманот на Верона. Димарко лошо реагираше по една долга топка, му ја намести шанса на напаѓачот на Наполи, кој со полуволеј донесе 0-1.

Со 8,9 секунди, тој стана најбрзиот стрелец во историјата на Наполи и третиот најбрз стрелец во Серија А.

Сепак, на крајот се радуваа домаќините. Димарко се искупи за грешката во 34. минута и изедначи на 1-1.

Во продолжението од натперварот, Барак донесе водство од 2-1 во 62. минута, а Закањи во 79. минута ги осигура трите бода.

На вториот денешен натпревар од 15 часот, Дестро донесе победа од 1-0 за Џенова во дуелот со Каљари и три важни бода во битката за опстанок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×