Наполи потврди дека има полна доверба во Гатузо

by
1 минути читање

Наполи, каде игра
нашиот репрезентативец Елиф Елмас, објави соопштение во кое инсистира дека
претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис потврдил дека постои полна доверба
во тренерот Џенаро Гатузо.

„Скај Спорт
Италија“ и други медиуми претходно објавија дека Де Лаурентис бил особено лут и
разочаран од Гатузо, како и спортскиот директор Кристијано Џинтоли, па дури и
повикал на оставка од нивна страна.

Претседателот
Аурелио Де Лаурентис заедно со потпретседателот Едуардо и извршниот директор
Андреа Чиавели имаа средба со тимот и стручниот штаб денеска, а со тоа беше
потврдена и целосна доверба во тренерот Рино Гатузо
“ се вели во соопштението на
Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×