75
Според Фабрицио Романо, ПСЖ е многу блиску до ангажман на Фабиан Руиз, преговорите со Наполи се во напредна фаза.
Новиот спортски директор на францускиот клуб, Луис Кампос со месеци работи да го обезбеди потписот на Фабиан и мисијата е пред крај.
Руиз има договор со Наполи до јуни 2023 година, па ако италијанскиот клуб не го продаде сега, ризикува да го загуби за беспари.
Наполи ова лето веќе загуби тројца клучни играчи како што беа Инсиње, Кулибали и Мертенс, а сега ќе си оди и Фабиан Руиз.
Со ваква трансфер политика Наполитанците ризикуваат во следната сезона да излезат од топ четири во Серија А.