Виктор Осимен имаше одлична сезона на југот на Италија, па неколку клубови ширум Европа пројавија интерес ова лето. Сепак, најконкретен беше Ал Хилал, кој на маса ставил две понуди.
Првиот предлог на клубот од Саудиска Арабија бил 120 милиони евра, а потоа следела и понуда од 140 милиони евра.
Но и во двата случаи одговорот бил негативен. Наполи сака да го задржи Виктор Осимен и преговара со напаѓачот за продолжување на соработката.
Се верува дека начелно е пронајден компромис за нов договор и сега се пеглаат деталите, најпроблематична е сумата на откупната клаузула, Наполи сака да биде што повисока, агентите на играчот преферираат да биде што подостапна за гигантите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.