1,K
Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку има посебна желба кога во прашање е крајот на неговата кариера и сака да ја заврши во редовите на Андерлехт.
Лукаку кој сега го носи дресот на Наполи во кариерата настапуваше уште за: Челси, Вест Бромович, Евертон, Манчестер јунјатед и Рома, додека Андерлехт е клубот каде што започна.
Бидејќи веќе има 32 години, Лукаку полека размислува и за повлекување, а сака тоа да го направи во Андерлехт.
„Андерлехт е клуб кој е во моето срце и во него сакам да ја завршам кариерата. Тоа му го ветив на мојот син кој сега игра таму“, изјави напаѓачот.
Засега Белгиецот не знае што ќе прави по крајот на кариерата, но сигурен е дека нема да биде тренер.