Наполи купи нов централен дефанзивец, но дали е тоа доволно да се замени Кулибали?

by
1 минути читање

Наполи потврди дека го ангажира 22-годишниот дефанзивец Лео Остигард. Се верува дека за него му платија на Брајтон 5 милиони евра, а ќе му исплатат уште 3 милиони во бонуси.

„Веќе некое време сакав трансфер само во Наполи. Минатата сезона играв во Џенова и веќе знам како е во Серија А. Остварување на сонот е да се игра во клуб како Наполи“, изјави Остигард.

Остигард од 2018 година е фудбалер на Брајтон, но постојано е испраќан на позајмица, минатата година настапуваше за Џенова.

Тој ги има поминато сите младински категории на Норвашка, а за А селекцијата на оваа земја има пет меча.

Остигард беше мета на Наполи уште пред да замине Кулибали, па се верува дека клубот нема да се задоволи само со него, веројатно ќе ангажира уше еден, поискусен дефанзивец, но останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани