„Наполитанците“ го продадоа Елиф Елмас на РБ Лајпциг во зделка вредна околу 25 милиони евра, па сега се во потрага на замена за Македонецот.
Се говореше дека Србинот Лазар Самарџиќ е една опција, вчера имаше информации дека Де Лаурентис доставил вербален предлог до Удинезе вреден 19 милиони евра, плус додатни 4-5 милиони евра во бонуси.
Денеска пак се појавија написи кои велат дека Наполи стапил во контакт со Шахтар и се распрашувал за ангажман на Георгиј Судаков.
Интерес за услугите на талентираниот Украинец пројавува и Јувентус, се шпекулира дека се потребни 35 милиони евра за негов ангажман.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.