Наполи ќе го казни Лукаку со 150.000 евра

by Стефан
1 минути читање

Според последните информации од Италија, ситуацијата меѓу Ромелу Лукаку и Наполи се движи кон разрешница, откако белгискиот напаѓач се вратил на разговори со клупските челници. Сепак, целиот случај нема да помине без санкции.

Проблемот настана кога Лукаку наводно го игнорирал повикот од клубот да се врати во Италија, по што решил рехабилитацијата на повредата на коленото да ја продолжи во Белгија.

На состанокот, покрај фудбалерот, присуствувале и неговиот агент Федерико Пасторело, адвокатот Ледуре, како и спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана. Италијанската „Газета дело Спорт“ пренесува дека клубот планира парична казна од околу 150 илјади евра што претставува 20 отсто од неговата месечна плата.

И покрај тензичната ситуација, двете страни успеале да најдат заеднички јазик. Лукаку ќе продолжи со процесот на опоравување во Белгија, а се очекува за околу две недели повторно да биде на располагање на тимот во финишот од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×