Наполи ја повлече понудата за нов договор на Гатузо, стратегот ќе мора прво да ги подобри резултатите

by
0 минути читање

Наполи и Гатузо беа пред потпис на нов договор, но работите се променија откако тим загуби двапати по ред, од Интер па од Лацио.

„Ил Матино“ пишува дека италијанскиот клуб сега го повлекува договорот, ќе се чека нов момент за продолжување на соработката.

Италијанскиот медиум не очекува договорот да биде потпишан пред Божиќ. 

Наполи утре го пречекува Торино кој е во очајна форма, па ова се гледа како можност да се свртат работите во позитивна насока за тимот на Гатузо.

По 13 одиграни кола Наполи е на петтото место со осум бодови зад лидерот Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×