Наполи испиша историја, навивачите на Интер „плукаат“ по Гаљардини (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи им направи
голема услуга на ривалите на Интер за топ четири пласман откако вечерва со 3-1 ги совладаа
„нероаѕурите“.

Ангиса го отвори
резултатот по дваесетина минути игра во вториот дел, Лукаку во 82. минута ја
врати неизвесноста, но Ди Лоренцо прекрасно погоди за 2-1 само три минути
подоцна. Тинејџерот Гаетано во последните мигови го забележа својот деби погодок и ги постигна конечните
3-1.

Со оваа победа,
Наполи испиша историја и за прв пат во една сезона ги победи сите 19
противници.

Работата на
домаќините беше дополнителна олесната откако Гаљардини заработи два жолти
картони во првиот дел. Италијанецот го навлече бесот на навивачите на Интер кои „плукаа“
на социјалните мрежи и не можеа да поверуваат што направи фудбалерот од
средниот ред.

Имено, Гаљардини
од самиот почеток правеше непотребни стартови, доби усмено предупредување но откако
не се смири, му беше покажан жолт картон во 19. минута. Судијата пет минути
подоцна му прогледа низ прсти и не го испрати во соблекувална за еден прекршок
врз Кварацхелија, но очигледно не му дојде памет, во 41. минута несмасно стартуваше
врз Ангиса па беше исклучен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×