Виктор Осимен и
Хвича Кварацхелија се двете најголеми ѕвезди на „Диего Армандо Марадона“ и
неколку клубови се подготвени да платат богатство за нивните услуги.
Аурелио Де
Лаурентис не сака да ги продаде ова лето и се обидува да ги врзе со нови
договори.
Како што
пренесува Кориере дела Сера, на Виктор Осимен му се нуди годишна плата од 7
милиони евра за продолжување на соработката. Напаѓачот ќе добие и откупна
клаузула која ќе варира од 100 до 130 милиони евра.
Што се однесува
до Хвича Кварацхелија, на Грузиецот му се нуди плата од 2,5 милиони евра за нов
договор до 2028, со опција за продолжување на соработката до 2029.
За Грузиецот ова
ќе значи двојно поголема плата, но сумата малку делува смешна во однос на она
што би го заработувал Виктор Осимен.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.