Наполи едвај ја победи Монца и се израмни со Интер (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Наполи потешко од очекувањата, но сепак успеа да освои три бода против Монца во рамките од 33. коло во Серија А.

Херој на Наполи во денешниот натпревар беше Скот Мектоминеј кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 72. минута.

Монца иако последна на табелата со само 15 бода и 11 помалку од Лече кој е прв над опасната зона денеска добро се држеше против фаворитот.

За Наполи пак овој триумф е важен затоа што се израмни со Интер со по 71 бод, но „нероаѕурите“ утре против Болоња го играат својот натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани