Наполи не само што има лош почеток на сезоната, туку и атмосферата во тимот не е на високо ниво, па големи се шансите во наредниот период Руди Гарсија да добие отказ.
Италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марцио тврди дека Де Лаурентис го контактирал Конте.
Наполи му нуди тригодишен договор на Конте со висока плата. Се уште не е јасно дали тој ќе ја прифати.
Доколку Конте се согласи, тогаш Руди Гарсија веднаш ќе добие отказ.
Конте е прв избор за тренер на Де Лаурентис, а други на листата се Игор Тудор и Кристоф Галтие.
Иднината на Руди Гарсија се чини дека ќе зависи од брзината со која Де Лаурентис ќе го договори новиот тренер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.