Напаѓачот кој пред пет години вредеше 60 милиони, сега е на продажба за скромни 4 милиони

by bojan
1 минути читање

Тотнем нема намера да плати 10 милиони евра за да го задржи Тимо Вернер па напаѓачот ќе се врати во РБ Лајпциг, каде исто така нема иднина и ќе биде ставен на продажба за скромни 4 милиони евра.

Тимо Вернер важеше за еден од најперспективните напаѓачи во Европа, одличните настапи во дресот на РБ Лајпциг му донесоа трансфер вреден 60 милиони евра во редовите на Челси во 2020 година.

Сепак, неговата кариера почна да оди во надолна линија по преселбата на Стемфорд Бриџ, напаѓачот се мачи со голгетерската форма, а со тоа драстично падна и неговата цена на трансфер пазарот.

Тотнем има опција за 10 милиони евра во целост да го купи Тимо Вернер, но „спарси“ не планираат да одвојат ваква сума и ќе го вратат играчот во РБ Лајпциг.

Ниту пак „биковите“ сметаат на неговите услуги и ќе го стават на продажба, како што пренесува Спорт1, ќе биде потребна скромна сума од 4 милиони евра.

ФОТО: X/Premier League

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани