Наместо тројна круна, Интер остана со празни раце и понижен како никој друг, немало ваков пораз во финале во ЛШ

by bojan
1 минути читање

Интер стана првиот тим кој изгубил финале во Лигата на шампиони со пет гола разлика, вечерва во Минхен, ПСЖ стигна до трофејот со убедливи 5-0.

Интер пред еден месец беше во конкуренција за тројната круна, но сезоната на „нероаѕурите“ се распадна во само десетина дена. Се почна со пораз од Болоња во Серија А во последните секунди, потоа следуваше и пораз од Милан во реваншот во полуфиналето во Купот на Италија, за црната серија да продолжи со нов пораз во Серија А, Рома го освои „Меаца“ со 0-1.

Момците на Симоне Инзаги имаа можност да ја спасат сезоната со триумф во Лигата на шампиони откако го добија двомечот против Барселона и закажаа финале против ПСЖ, но вечерва во Минхен беше понижен како никој друг.

ПСЖ стигна до својот прв трофеј во најелитното европско натпреварување откако го совлада Интер со 5-0 и испиша историја.

До овој момент, најголема разлика во едно финале беше четири гола (се има случено во четири наврати), па Интер стана првиот тим кој загубил финале со пет гола разлика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани