Најскапото засилување на Баерн Минхен го копираше Мбапе

by
1 минути читање

Изминативе денови
во фокусот на фудбалскиот свет е Килијан Мбапе и писмото кое напаѓачот му го
испрати на ПСЖ со кое информирал дека нема да ја искористи опцијата за
продолжување на договорот до јуни 2025 година.

Скај Германија
пишува дека сличен потег повлекол и Лукас Ернандез од Баерн Минхен. Двете
страни подолго време преговараат за нов договор, но дефанзивецот доби примамлив
предлог од ПСЖ, па решил да го копира својот сонародник и со писмо да ги
извести „баварците“ дека нема да ја продолжи соработката.

Лукас Ернандез од
ПСЖ добил плата поголема од таа која ја заработува на „Алианц Арена“ (околу 15
милиони евра бруто годишно) како и подолг договор, па побарал да биде продаден.

Баерн Минхен е
подготвен да му ја исполни желбата но само доколку „светците“ платат 60+
милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани