Најскапиот голман,
Кепа Аризабалага може да ја грее клупата во продолжението од сезоната, Челси
денеска ангажираше нов голман.
На Стемфорд Бриџ
пристигнува Едуар Менди во зделка вредна околу 22 милиони фунти (25 милиони
евра). За негов ангажман притискал Петр Чех, кој исто така од Рен се пресели во
синиот дел на Лондон.
„Веднаш штом Петр
Чех и неговите соработници го идентификуваа Едуар како идеално засилување, заборавивме
на сите други и тој беше единствениот кој сакавме да го ангажираме. Едуар имаше
голем успех со Рен, има амбиција за уште поголеми достигнувања, па сакаме да му
посакаме добредојде во нашиот клуб“ – вели директорката Марина Грановскаја.
Местото помеѓу
стативите на Кепа Аризабалага беше ставено под знак прашалник откако минатата
сезона не бранеше на највиско ниво. Шпанецот остана прв избор на стартот од
оваа сезона, но беше виновен за голот на Брајтон во победата од 1-3 на
отварањето на сезоната, а направи и голем кикс при голот на Мане за 0-2 во
поразот од Ливерпул, па со пристигнувањето на Едуар Менди, големи се шансите да
се пресели на клупата.