Најсилната втора лига на светот едногласно стави „вето“ за ВАР!

by 24 фудбал
0 минути читање

Клубовите од англиската Чемпионшип лига донесоа јасна одлука и ја оттурнаа можноста за воведување на видео-технологија од следната сезона. Иако на маса се најде поедноставена верзија налик на ВАР, со опција тренерите да имаат ограничен број „челенџи“, предлогот не доби поддршка од мнозинството клубови.

Главниот проблем се трошоците, но и стравувањата дека ваквиот систем би ја нарушил динамиката на натпреварите и целокупното искуство за навивачите.

Така, Чемпионшип засега останува без видео-помош, а идејата е ставена во втор план и нема изгледи дека наскоро повторно ќе се актуелизира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×