Најпознатиот навивач на Арсенал ја прогласи сезоната „за умренa“: Нема што да бараме кога…

by
1 минути читање

„Топчиите“ имаа
можност да ја завршат годината како лидери на табелата, но синоќа загубија на
гостувањето кај Фулам и пaднаа на четвртата позиција на табелата, ќе бидат на -5
во однос на Ливерпул доколку „црвените“ денеска слават против Њукасл.

Ова беше втор пораз
во низа за Арсенал, па има многу прашалници за тоа дали тимот на Артета
навистина може да им конкурира на ривалите во трката за титулата.

Најпознатиот
навивач на клубот од Северен Лондон, Пирс Морган смета дека тие нема што да
бараат во битката за шампионскиот наслов.

„Уште едно необјасниво
и очајно издание. Не можете да загубите од Астон Вила, Вест Хем и Фулам во
период од три недели и потоа да очекувате да ја освоите Премиерлигата. Битката
заврши уште пред да влеземе во 2024 година“
– напиша новинарот на социјалните
мрежи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×