923
Жил Кунде од Барселона е фудбалерот со најмногу одиграни натпревари во 2024 година.
Французинот во дресот на каталонскиот гигант и француската репрезентација во изминатата година собрал 69 натпревари и вкупн 5.872 минути и така зад себе го остави членот на Флуминенсе Џон Ариас кој одигра 67 натпревари и 300 минути помалку.
Дефанзивецот во викендот кој следи има можност да дојде и до 70 натпревари бидејќи Барселона ја чека натпревар против Атлетико Мадрид.
На третото место по бројот на одиграни натпревари во годината се најде Уругваецот Валверде со 66 натпревари, а зад него следат Николас Отаменди од Бенфика и Гранит Џака, двајцата со по 65 натпревари.