Најлудиот бонус во историјата на фудбалот, Бешикташ и Рамос договарале голема сума на пари за постигнување 25 гола!

by
1 минути читање

Серхио Рамос ова
лето реши да се врати во Севиља, а пред да донесе конечна одлука, водеше
преговори со неколку клубови.

Еден од нив беше
Бешикташ, а од таборот на „црно-белите“ сега откриваат детали од разговорите со
Шпанецот.

„Си подадовме
рака за едногодишна соработка, со опција за уште една додатна. Му ветивме плата
од 4 милиони евра по сезона, плус 1 милион евра како трансфер бонус, плус 6
милиони евра кои ќе бидат обезбедени од спонзорски договори“
– раскажува Серхан
Четинсаја.

„Имаше и
најразлични бонуси, преговаравме за бонус доколку постигне 25 гола. Веруваше
дека може да постигне 25 гола, па бараше висока сума за овој бонус“.

Доколку двете
страни на крајот нашле заеднички јазик, ова сигурно ќе беше еден од најлудите
бонуси во историјата на фудбалот, дефанзивец да даде 25 гола е огромен подвиг.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани