Трансфер сагата на Лукас Окампос веројатно е најлудата приказна ова лето. Аргентинецот беше идентификуван како замена за Антони, техничкиот директор Гери Хамстра и неговата десна рака Клас Јан Хунтелар со Севиља договорија зделка вредна 20 милиони евра, а зелено светло даде и генералниот директор Едвин ван дер Сар.
Лукас Окампос во вторникот вечерта пристигна во Амстердам на лекарски прегледи но само за да биде известен дека Ајакс не може да го купи бидејќи надзорниот одбор не дал амин.
Севиља дури се сложи да ги намали барањата и прифати трансфер од 15 милиони евра за зделката да не пропадне, но надзорниот одбор на Ајакс не даде зелено светло ниту за ваква сума.
Сепак, во самиот финиш од преодниот рок беше најден компромис, Ајакс го доби Лукас Окампос на позајмица со опција во целост да го купи играчот, па Аргентинецот беше промовиран како ново засилување.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.