Најлошо сценарио за Јувентус: Влаховиќ е подготвен да ја преседи цела сезона на трибини

by bojan
1 минути читање
Влаховиќ

Душан Влаховиќ смета дека најдобро за него е да ја одработи последната година од договорот со Јувентус и потоа како слободен играч да ја одбере следната дестинација.

Агентот на Душан Влаховиќ во следните денови ќе има средба со генералниот извршен директор на Јувентус, Даниел Комоли и ќе се обидат да најдат решение за ситуацијата на напаѓачот.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Србинот смета дека најдобро за него е да ја одработи последната година од договорот со Јувентус и потоа како слободен играч да ја одбере следната дестинација.

„Старата дама“ не помислува на едно вакво сценарио, не само што нема да добие никакво обесштетување, на Душан Влаховиќ ќе треба да му исплати 12 милиони евра на име на плата.

Па фудбалерот ќе биде предупреден дека ризикува да биде отстранет од тимот, и ова да послужи како екстра мотив тој летово да направи трансфер.

Но како што додава ГДС, Душан Влаховиќ е подготвен да ја преседи целата сезона на трибини и нема да подлегне на заканите.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×