168
Луис Суарез пред
две години на мала врата си замина од Камп Ноу, Роналд Куман го отпиша
напаѓачот и го остави да тренира сам со цел да го натера што побрзо да го
напушти клубот.
Како што
пренесува Спорт, Барселона сега размислува за враќање на Луис Суарез и веќе бил
остварен контакт со Уругваецот.
„Каталонците“
побарале од Луис Суарез да почека до август бидејќи Роберт Левандовски е приоритет.
Напаѓачот се
заблагодарил за понудата, но со оглед на тоа дека има предлози од Севиља,
Виљареал и Ривер Плата, не може да чека толку долго.