Најголемиот провокатор во фудбалот ќе го промени клубот?

by Стефан
1 минути читање

Еден од најдобрите голмани во светот, Емилијано Мартинез како што стојат работите ќе ја напушпти Астон вила.

По победата од 2-0 над Тотнем, со која тимот на Унаи Емери остана во трката за Лигата на шампионите, Мартинез приреди сцена каква што не сме навикнати да гледаме од него, остана на теренот подолго од останатите и со солзи во очите се поздрави со навивачите на домашниот стадион.

Повикувајќи се на извори блиски до клубот, британските медиуми пренесуваат дека Мартинез донел конечна одлука и летово летово ќе замине од клубот од Бирмингем каде што брани пет години.

Според истите информации, 32-годишниот репрезентативец на Аргентина веќе има три понуди на маса. Една од нив доаѓа од Саудиска Арабија, но Мартинез веднаш ја одбил бидејќи сака да остане во Европа. Останатите две понуди, за кои сè уште не се откриваат клубовите, доаѓаат од врвни екипи и Аргентинецот ќе избере една од нив со цел да остане во добра форма за настап на Мундијалот во САД, Канада и Мексико наредната година.

Јасно е дека голман со искуство и квалитет како Мартинез има уште неколку сезони на највисоко ниво, па и поради тоа негова желба е да продолжи во европскиот фудбал.

Фото: Aston Villa FC/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани