Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико потпиша нов договор

by 24 фудбал
1 минути читање

Антоан Гризман и Атлетико Мадрид постигнаа договор за продолжување на соработката – најдобриот стрелец во историјата на „јорганџиите“ ќе остане на „Ванда Метрополитано“ барем до јуни 2027 година.

Иако постојниот договор важеше до летото 2026, двете страни решија да ја продолжат успешната приказна. Францускиот ас пристигна во Атлетико во 2014 година, а по двата периода кои ги мина во дресот на клубот, денес има 197 гола и е најдобар стрелец на сите времиња, надминувајќи ја легендата Луис Арагонес (173 гола).

Со 442 официјални настапи, Гризман е осми на листата на фудбалери со најмногу одиграни натпревари за Атлетико и трет странски играч со најмногу настапи, веднаш зад Облак и Кореа.Гризман ја имаше честта да го постигне првиот гол на новиот стадион „Ријад Ер Метрополитано“, а со Атлетико освои три големи трофеи: Шпански Суперкуп (2014), Лига Европа (2018) и Европски Суперкуп (2018). Во финалето на Лига Европа против Олимпик Марсеј постигна два гола за победа од 3-0, крунисувајќи ја сезоната во која неколку месеци подоцна стана и светски шампион со Франција на Мундијалот во Русија.

Во тековната сезона, Гризман одигра 53 натпревари за Атлетико, постигна 16 гола и запиша 9 асистенции – уште една потврда за неговата незаменлива улога во тимот на Диего Симеоне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани