По трансферот на
Хари Кејн во Баерн Минхен вреден околу 100 милиони евра, многумина очекуваа
Англичанецот лесно да стигне до признанието најдобар стрелец во Бундеслигата, и
еден од најдобрите во Европа.
Но во моментов,
тој е засенет од Серу Гираси, напаѓачот на Штутгарт игра во страшна форма на
почетокот од сезоната и е едно од најпријатните изненадувања.
27 годишниот
голгетер веќе забележа 14 погодока зад своето име, и во моментов не само што е
најдобар стрелец во Бундеслигата, туку и во топ 5 првенствата во Европа, зад
него се играчи како Лаутаро Мартинез, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.
Па името на Серу
Гираси е во бележникот на многу клубови, и како што пренесува Скај Германија, тој
има клаузула според која може да замине во јануари за помалку од 20 милиони
евра (се шпекулира со бројката од 17,5 милиони евра).
Ова е двојно помалку од неговата реална
вредност (околу 40 милиони евра), па Штутгарт ќе има проблеми да го задржи,
особено што откупната клаузула ќе важи и за летниот преоден рок.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.