Најдобриот резервен голман во Премиер лигата сака повеќе минути: Леверкузен ќе ја искористи ситуацијата?

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Брентфорд стапила во контакт со Ливерпул со цел да го ангажира ирскиот голман Квинин Келехер, пренесуваат англиските медиуми.

Во фудбалската јавност често се вели дека Келехер е „најдобриот втор голман“ во Премиер лигата, секогаш кога ќе го замени Алисон Бекер, задачата ја извршува беспрекорно. Особено беше важен за „црвените“ во титулата оваа сезона, кога во текот на зимото ја презеде улогата на прв голман по повредата на Бразилецот, без да се почувствува неговото отсуство.

Но, Келехер сака повеќе минути на теренот и не планира да остане на „Енфилд“, особено со најавениот трансфер на Џорџи Мамардашвили од Валенсија. Прашањето е само колку ќе чини неговото заминување. Се споменува сума од најмалку 20 милиони фунти, а Брентфорд е најсериозниот кандидат кој треба да утврди колку точно Ливерпул бара за Ирецот.

На „Комјунити Тек Стадиум“ се подготвуваат за заминувањето на првиот голман Марк Флекен, кој е мета на Баер Леверкузен. Германците нема да штедат пари со оглед и на продажбите кои се очекуваат да се случат за овој клуб па така сумата од 20 милиони евра не би била проблем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани