Најдобриот фудбалер во Франција сезонава почна само девет натпревари

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле е прогласен за најдобар играч во Лига 1 вторпат по ред, додека тренерот на Ленс, Пјер Саж, ја освои наградата за најдобар тренер.

Дембеле ја доби наградата на свечената церемонија одржана вчера вечер со што за 10-ти пат по ред признанието оди во рацете на фудбалер од ПСЖ. Претходно, Килијан Мбапе ја освојуваше наградата пет пати по ред, пред да се пресели во Реал Мадрид.

Сепак, изборот предизвика и одредени сомнежи, бидејќи Дембеле поради физички проблеми имаше ограничена минутажа. Оваа сезона тој започна само девет натпревари во Лига 1 и на терен помина 960 минути, што е значително помалку во споредба со 20 натпревари од првата минута и 1.736 минути вкупно од претходната сезона.

„Немав многу време за игра, но секој пат кога бев на терен, се трудев да бидам подготвен“, изјави Дембеле, кој постигна 10 голови и запиша шест асистенции. Во претходната сезона имаше учинок од 21 гол и осум асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×