Најбрзиот гол во историјата на Светското клупско првенство, Сити се прошета до титулата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити се радува на својот прв трофеј од Светското клупско првенство, избраниците на Пеп Гвардиола вечерва се прошетаа до титулата и го совладаа Флуминенсе со 4-0.

Резултатот беше отворен по само 40 секунди, Хулијан Алварез одлично се снајде и ја затресе мрежата за најбрзиот гол во историјата на Светското клупско првенство.

По половина час игра беше 2-0, Нино си постигна автогол и му ја олесни задачата на Манчестер Сити.

Фил Фоден во 72. минута ги реши сите дилеми околу победникот, а во финишот од мечот, Хулијан Алварез со својот втор погодок ги постави конечните 4-0 и стави точка на натпреварот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×