313
Фаик Болкиах е најбогатиот фудбалер во светот, тој е внук на султанот на Брунеи, Хасанал Болкиах, а богатството му се проценува на повеќе од 20 милијарди долари.
И покрај сите пари кои ги има, љубовта на Фаик кон фудбалот е огромна. Тој во 2016 година потпиша за Лестер, но не заигра во првиот тим, беше само член на составот до 23 години.
Доколку не успее да најде нов ангажман, Фаик Болкиах можеби треба да размисли да си купи клуб во кој ќе игра, пари за тоа да го направи има многу повеќе од доволно.