Најбезболно решение, Јувентус преговара со УЕФА да не игра во Конференциска лига

by
1 минути читање

Јувентус е под
лупа на УЕФА откако загуби два спора со Фудбалската федерација на Италија.

Во првиот случај,
на „старата дама“ и беа одземани 10 бода поради пумпање на цените на
фудбалерите со цел да се забележат капитални добивки и да се искаже позитива во
билансите.

Клубот од Торино
избегна посериозна казна за вториот случај и маневарот со плати, односно исплата
на плати под рака, и помина само со парична казна.

Поради овие
нерегуларности, Јувентус ризикува да биде исфрлен од Европа, па според пишувањата
на Тутоспорт, раководстото на „старата дама“ преговара со УЕФА.

Целта е да падне
договор за најбезболно решение, односно Јувентус да добие суспензија од една
година, и да не настапи во Конференциска лига.

Конференциската
лига не е атрактивна за Јувентус ниту од финансиски аспект, ниту од натпреварувачки
аспект, па „старата дама“ нема ништо против да одработи една ваква казна.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани