88
Раџа Наинголан,
фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Рома, се извини јавно за видеото кое го
објави на социјалните мрежи, на кое се гледа како пие алкохол, пуши цигари а
воедно употребува и пцовки.
Италијанските медиуми
пренесоа дека Рома сигурно ќе воведе одредена казна за него, а тој веќе се
извини јавно за тоа што го направи.
„Жал ми е за тоа што се
случи, сакам да се забавувам со пријателите и да ја прославувам новата година,
но отидов предалеку. Не сакав да поставам лош пример за останатите и затоа
чувствувам дека морам да се извинам поради моите зборови и однесувањето“ издвои
Наинголан.