Наинголан: Би сакал да се вратам во Рома, но тоа е само кафански муабет, нема вистина во гласините

by
1 минути читање

Наинголан најдобриот дел од својата кариера го помина во Рома, а потоа се пресели во Интер каде не се изнаигра.

Тој во моментов е фудбалер на Антверпен, а кога Вајналдум се повреди се појавија гласини дека Наинголан би можел да се врати како негова привремена замена.

„Градот Рим ме сака и јас го сакам. Но направив грешка кога заминав. За жал ја донесов таа одлука и можеби за неа жалам и ден денеска“, вели Наинголан.

„Но среќен сум со тоа што го прави Рома бидејќи се уште ја сакам. Сега ги има тие шпекулации бидејќи новиот фудбалер се повреди и можеби некои фанови сакаат да ме видат мене како замена, шпекулациите се раширија многу брзо, како и да е никогаш немало можност да се вратам“.

„Знам дека фановите би сакале да ме видат мене повторно тука, би сакал и јас да се вратам. Кога ми пишуваа „дојди, дојди“ некои ги прочитале тие вести и мислат дека е сериозно, но тоа се само кафански муабети“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×