Ерлинг Халанд
минатата сезона ја освои тројната круна со Манчестер Сити, постигна 52
погодоци, но ова не беше доволно за да стигне до престижните награди како
„Златната топка“ и „Д Бест“.
Како што пишува
АС, разочарувањето било големо особено откако извисил на церемонијата на ФИФА,
па изборот на Лео Меси за наградата „Д Бест“ му ги отворил очите на Ерлинг
Халанд.
Луѓето од кампот
на Норвежанецот го советуваат дека мора да се пресели во Реал Мадрид доколку
сака да го симне Лео Меси од тронот и да има поголеми шанси за освојување на
индивидуалните награди.
Ерлинг Халанд
подолго време се поврзува со „кралевите“ и често се пишува дека во неговиот
договор има откупна клаузула која е поволна за клубот од „Бернабеу“.
Сепак, се верува
дека приоритет на Реал Мадрид е ангажман на Килијан Мбапе, но договор помеѓу
двете страни се уште не е постигнат, и доколку не се реализира една ваква
зделка, големи се шансите „белите“ да се насочат кон Ерлинг Халанд.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.