19
Разочарувачкиот настап на Германија на Светското првенство ќе донесе промена на селекторската позиција, откако Јулијан Нагелсман ќе го напушти кормилото на националниот тим.
„Панцерите“ беа елиминирани уште во шеснаесетфиналето од Парагвај, а според германскиот „Билд“, Германската фудбалска федерација веќе постигнала договор со Нагелсман за прекин на соработката. Иако неговиот договор беше со важност до 2028 година, официјалната потврда за разделбата се очекува наскоро.
Како главен фаворит за нов селектор се споменува Јирген Клоп, кој според германските медиуми е прв избор на федерацијата.