Матајс де Лихт
овој месец стави крај на авантурата во Јувентус и се пресели во Баерн Минхен во
зделка вредна 67 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
По трансферот на
„Алианц Арена“, Холанѓанецот ги налути „бјанконерите“ со дел од своите коментари,
а сега сол на раната додава тренерот Јулијан Нагелсман, кој под знак прашалник
ги стави методите на Јувентус.
„Разговарав со Де
Лихт по првиот тренинг, и ми рече дека ова била најтешката тренинг сесија што
ја одработил во последните четири години. Беше тешка, но не беше до толку тешка.
Би рекол сосема нормална тренинг сесија подготвена од др. Броих (фитнес
тренерот на Баерн)“ – вели Јулијан Наглесман.
„Очигледно ќе
треба малку повеќе да поработиме со Де Лихт. Не одигра многу минути минатата
сезона и слушам дека не е лесно да останете фит во Италија“.