Нагелсман смета дека Гави не требаше да добие наградата за најдобар млад фудбалер (ФОТО)

by
1 минути читање

Копа трофејот за најдобар млад играч му припадна на големиот талент на Барселона, Гави.

Нагелсман смета дека одлуката не е вистинска, според него има двајца играчи во Бундеслигата кои имале подобра сезона од Гави, тоа се Мусиала од Баерн Минхен и Белингем од Борусија Дортмунд.

„Јас би гласал на поинаков начин. Според мене Јамал Мусиала и Џуд Белингем имаа подобри сезони од победникот. Според мене тие и двајцата се пред Гави“, рече Нагелсман.

И фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис имаше што да каже за изборот. Тој преку социјалните мрежи му даде поддршка на Мусиала.

„Тие можеби ти го земаа твојот Копа Трофеј, но нема да можат во иднина да ти ја земат Златната топка“, напиша Алфонсо Дејвис.

Гави ќе има шанса веќе следната недела да го демантира Нагелсман пред неговите очи. Баерн Минхен гостува на Камп Ноу во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×