Неколку извори од
Англија пренесуваат дека Маурисио Покетино е главен кандидат за нов тренер на
Челси. Неколку звучни
имиња се поврзуваа со кормилото на „Стемфорд Бриџ“, беа одржани состаноци со
Јулијан Нагелсман и Луис Енрике, но двајцата се надвор од комбинација и Аргентинецот е прва опција.
Искуството на
Маурисио Покетино со работа во Премиерлигата е една од причините зошто
Аргентинецот е најблиску до тренерското столче, плус тоа што умее младите играчи да ги претвори во
големи ѕвезди.
Се говори дека во
следниот период ќе биде одржана нова рунда преговори на кои ќе се дискутира за
трансфер желбите на стратегот и плановите за следната сезона.
Маурисио Покетино
сепак не е единствената опција, Винсент Компани од Барнли исто така е дел од
кандидатите, а како што пишува Атлетик, во игра е уште еден високо ценет
стратег, чие име во моментов е тајна.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.