Нагелсман откри под кои услови Мане ќе може да игра на мундијалот во Катар

by
1 минути читање

Сенегал утрово го
објави составот за Светското првнство и на списокот се најде Садио Мане, и
покрај тоа што медиумите шпекулираа дека тој нема да може да игра по повредата заработена
против Вердер во вторникот.

„Веднаш
испративме доктор од репрезентацијата кој вчера цел ден беше во Минхен а потоа
и во Австрија да ги направи потребните тестовите. Добра вест е тоа што не е потребна операција“

– вели селекторот на Сенегал, Алиу Сисе.

„Очекуваме Садио
да има проблеми 7 до 10 дена, потоа ќе биде направена контролна МРИ
(магнетна резонанца) снимка“.

Се огласи и
Јулијан Нагелсман, кој новинарите порача дека напаѓачот нема да настапи на
мундијалот во Катар доколку чувствува болка.

„Ќе направиме нови
тестови за десет дена и ќе видиме како се одвива процесот на опоравување, дури
потоа ќе падне одлука“
– вели тренерот на Баерн Минхен.

„Многу е важно да
не се избрзува со враќање на терените по повреда. Секако, Сенегал ќе сака тој
да игра. Но на крајот се зависи од дијагнозата. Доколку има болки, нема да може
да игра, дури и ако луѓето од федерацијата го сакаат тоа“.

„Здравјето е
поважно од се друго, ова важи и за Мане и за сите други“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани