Нагелсман: Нојер е нашиот број еден, нема ни дискусија за тоа!

by riste
1 минути читање

Мануел Нојер направи голем кикс на мечот против Грција, па дел од германската јавност се сомнева во неговата форма, почнаа прашања дали тој треба да биде прв голман на Европското првенство.

Нагелсман застана во одбрана на Нојер, за него нема дилеми дека тој ќе биде стартер на престојните натпревари.

„Не влегувам во никаква дискусија за голманската позиција, Мануел Нојер е и ќе биде нашиот стартен голман. Нема да дозволам да се развие дискусија, дури и ако некои ја почнуваат“, вели Нагелсман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани