Кансело се разочара, излегоа информации дека не е среќен ниту во Баерн Минхен. Тоа го потврдува сега и Нагелсман, но рече дека Португалецот ќе биде стартер на следниот меч.
„Тој ќе стартува на следниот меч. Кога игра сѐ е добро, но кога не игра… не е. Тоа е нормално“, вели Нагелсман.
„Му го кажав на Жоао моето размислување по еден тренинг на кој тој не остави добар впечаток, зборувавме, тој секогаш добро реагира“.
Се верува дека Баерн Минхен нема да ја искористи можноста да го откупи Кансело, тој ќе се врати во Манчестер Сити по крајот на сезоната.
Пеп Гвардиола кој во последните месеци не беше во добар однос со Кансело, не сака да зборува за Португалецот.
„Жоао игра за Баерн Минхен. Не сакам да коментирам. Тој е играч на Баерн Минхен. На крајот на сезоната ќе ги разгледаме сите случаи“, вели Гвардиола.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.