90
Барселона до неодамна беше во тешка криза поради која ѝ беше тешко да регистрира и фудбалери кои во клубот доаѓаат како слободни играчи, а сега можеби е и најактивниот тим на трансфер пазарот.
Тие го купија Левандовски за 45 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси, дадоа огромни пари и за Рафиња, подготвени се богато да платат за Коунде од Севиља, а треба да му дадат и некакво обесштетување на Челси доколку ги земат Аспиликуета и Алонсо.
Јулијан Нагелсман се чуди како Барселона одеднаш може да го купи кој фудбалер и да посака.
„Единствениот клуб кој нема пари но го купува секој играч што сака. Не знам како. Чудно е, лудо“, вели Нагелсман.