Начелно договорен трансферот на Кунде, Барса ќе плати помалку од она што Челси се сложи да го плати

by
1 минути читање

Жил Кунде е на чекор
до потпис со Барселона, неколку извори од Шпанија пренесуваат дека начелно е
постигнат договор за трансфер на дефанзивецот.

„Каталонците“ на
Севиља ќе и платат 50 милиони евра фиксна сума, плус додатни 10 милиони евра во
бонуси.

Сега се пеглаат детали,
се верува дека барем 5 милиони евра ќе бидат лесно остварливи бонуси.

Со вакви бројки,
Барселона успеа да го добие Жил Кунде за помала сума од онаа која Челси се
сложи да ја плати. „Сините“ имаа договор со Севиља за трансфер вреден околу 65
милиони евра (вклучувајќи ги и бонусите).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани