На Жоржињо му е преку глава од методите на Микел Артета

by bojan
1 минути читање
Артета

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Жоржињо вели дека ја изгубил љубовта кон фудбалот под водство на Микел Артета, главна причина за ова е опсесијата на стратегот за играта од прекини.

Жоржињо минатото лето го напушти Арсенал и се пресели во Фламенго, една од причините за промена на средината е малата минутажа на Емирати.

„Сакав да се чувствувам жив и важен за тимот. Кога не играш, тешко е да ја задржиш мотивацијата. Ми требаше средина каде што повторно ќе уживам во фудбалот“ – вели Бразилецот со италијански пасош.

Но имало и втора причина, а тоа се методите на Микел Артета и неговата опсесија за играта од прекини.

„Микел Артета сака да става голем акцент на прекините, но на мене тоа ми изгледа како здодевна домашна задача“.

„Да, поради Микел Артета луѓето сега ја сфаќаат важноста на прекините… но проблем е тоа што ако се фокусираш само на ова, фудбалот ја губи својата убавина“.

Во поголемиот дел од сезоната, Арсенал добиваше пофалби за играта од прекини и големиот број на бодови, но по серијата слаби резултати, Микел Артета сега е под притисок и закани, кои сигурно дополнително ќе се зголемат доколку „топчиите“ го загубат дербито од Манчестер Сити и под знак прашалник го доведат првото место на табелата, на кое се практично цела сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×