Вилфред Заха би
можел да се пресели во Кина во јануарскиот преоден рок, а на офанзивецот му се
нудат неверојатни 11 милиони фунти годишна плата од екипата на Далиан Јифанг,
која се натпреварува во кинеската Суперлига.
Доколку се
остварат најавите, со тоа интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска би
влегол на листата помеѓу најскапо платените фудбалери во светот, а истовремено
не е тајна желбата на Кристал Палас да го задржи својот најдобар фудбалер
идниот месец.
Екипата на Далиан
од клупата е предводена од поранешниот тренер на Реал Мадрид, Бернд Шустер, кој
има посебни симпатии за играта на Заха, кому му се нуди тројно повисока неделна
плата од таа која во моментов ја заработува во Премиерлигашот, а моментално
изнесува 130,000 фунти неделно.
Според
информациите, севкупно за четири години, колку што му се нуди на Заха, ако
прифати, тој би заработил неверојатни 44 милиони фунти.
Заха во август годинава потпиша нов, долгогодишен договор со Кристал Палас со кој се обврза на верност со тој клуб до 2023. година, а Премеирлигашот сега би можел добро да заработи на негова евентуална продажба на Далечниот Исток.