На Варди му лежи Арсенал, напаѓачот на Лестер погоди за бод од Емирати (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал поведе уште во 21. минута, Сака асистираше до Обамејанг кој постигна гол за водство на топчиите од 1-0.

Тимот на Артета создаде доволно шанси и за поголемо водство, но Шмајхел беше одличен на голот на Лестер.

Трагичар за Арсенал беше младиот Нкетиах, кој во игра влезе во 71. минута, а само четири минути подоцна поради опасен старт доби директен црвен картон и го остави својот тим со играч помалку.

Лестер го зголеми притисокот а тоа резултираше со гол на Варди во 84. минута по асистенција од Греј за 1-1.

На Варди му лежи Арсенал, тој стана само четвртиот играч кој постигнал најмалку 10 гола во Премиерлигата против овој клуб, претходно тоа им успеало на Вејн Руни (12), Роби Фоулер (10) и Хари Кејн (10).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×