Ал Наср продолжува
да реди победи, вечерва стигна до трите бода на гостувањето кај Ал Тае.
„Жолтите“ од
Ријад беа подобар противник, но малку фалеше да киксираат. Резултатот го отвори
Талиска во 32. минута, Бразилецот доби одлична топка од Роналдо и реализираше
за 0-1.
Домаќините се вратија
во игра во 79. минута, Мисиџан избегна една офсајд замка и погоди за 1-1.
Ал Наср стигна до
трите бода во 88. минута, ВАР долго време прегледуваше едно играње со рака,
судијата на крајот одлучи дека имало доволно елементи за најстрога казна и
покажа на белата точка, а Кристијано Роналдо не погреши и ја затресе мрежата за
1-2.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.