На Шалке никако да му тргне, повторно го сменија тренерот

by
0 минути читање

Мануел Баум веќе не е тренер на Шалке, а како привремен кормилар е назначен Хуб Стевенс кој ќе го води тимот на двата преостанати меча годинава, дуелот од Бундеслигата против Арминија Билефилд и мечот од Купот на Германија против Улм.

Хуб Стевенс е легендарен тренер на Шалке кој секогаш излегува во пресрет кога ќе се побара тоа од него. Ова ќе биде четврти пат како седнува на клупата на овој клуб.

Првпат го водеше од 1996 до 2002 година, потоа меѓу 2011 и 2012, па беше привремен тренер во сезоната 2018/19 и сега повторно ќе го предводи тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×